Гуаидо во декември се сретнал со функционери на администрацијата на Трамп

Од:

Самопрогласениот венецуелски претседател Хуан Гуаидо во декември во Вашингтон се состанал со функционери на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Тоа бил негов прв познат контакт со Белата куќа, известуваат шпански медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Месец дена подоцна Гуаидо, претседател на Народното собрание на Венцуела, се прогласи за привремен претседател на државата, најавувајќи распишување на претседателски избори.

„Претставници на (американската) администрација разговараа со Гуаидо во неколку наврати, исто така, и во текот на неговата посета на Вашингтон во декември“, изјави неименуван функционер од Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе им обезбеди привремен заштитен статус на мигрантите од Венецуела во САД

Монкада: САД ја вооружуваат ослободителната војска во Колумбија за напад на Венецуела

Во Венецуела запленета голема количина американско оружје и муниција