Грузиската православна црква ќе обезбеди 45 илјади долари за помош на погодените од поплавите

Од:

Грузиската православна црква ќе додели 100 илјади лари (45 илјади долари) во фонд за помош на погодените во поплавите во Тбилиси. Тоа го соопшти патријаршијата на Грузија.

Освен тоа црквата ќе му префрли на најмногудетното семејство стан подарен пред извесно време на Патријаршијата. Побарано е и сите храмови да донираат за локални семејства.

Во поплавите загинаа 19 луѓе, а тројца се водат како исчезнати. Според податоци на Владата, без домови се над 100 семејства и тие се привремено сместени во хотели и државни вили. Штетите до поплавите се околу 45 милиони долари, јавуваат локални медиуми.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија