Гроси: Иран би можел да го обнови производството на ураниум за неколку месеци

Од:

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денес изјави дека Иран има капацитет да го продолжи производството на збогатен ураниум во рок од неколку месеци.

„Можеби ќе имаат за неколку месеци, или помалку… Треба неколку каскади од центрифуги кои ќе се вртат и ќе произведуваат збогатен ураниум… Не можете да кажете дека сè е исчезнато и дека таму нема ништо. Иран имаше многу огромна амбициозна програма, а дел од неа можеби сè уште постои, а ако не, постои и очигледна вистина дека знаењето е таму. Индустрискиот капацитет е таму. Иран е многу софистицирана земја во однос на нуклеарната технологија“, рече тој во интервју за американскиот телевизиски канал CBS.

Според Гроси, Иран има индустриски и технолошки капацитет за производство на збогатен ураниум.