Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави денеска дека неговата земја помага во обезбедувањето на границите на Европската унија, оценувајќи дека на Романија треба да и се дозволи да стане дел од безвизната Шенгенска зона.
Гриндеану нагласи дека, Романија „де факто ја обезбедува безбедноста на важен дел од надворешните граници на ЕУ“ и ги исполнила условите кои се потребни да се придружи на земјите од Шенген зоната.
Премиерот на Луксембург Ксавие Бетел, кој престојува на посета во Романија, упати честитки до земјата поради нејзините напори да ги обезбеди надворешните граници на Унијата.