Гриндеану не поднесува оставка се додека Јоханис не назначи нов премиер од СДП

Од:

Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави денеска дека нема да даде оставка откако владата загуби поддршка од владејачката Социјалдемократска партија.

Гриндеану изјави дека ќе остане на функција се додека претседателот Клаус Јоханис не спроведе консултации со политичките партии и не назначи нов премиер од СДП.

Владејачката коалиција може да почне процедура за гласање недоверба во парламентот.

– СДП заедно со коалицискиот партнер АЛДЕ е подготвена да формира нова коалиција за да се замени Гриндеану, нагласи партискиот лидер Ливиу Драгнеа.

Романската владејачка Социјалдемократска партија ја повлече политичката поддршка за премиерот Сорин Гриндеану и неговата влада откако Драгнеа рече дека е изгубена довербата во владата. Социјалдемократите синоќа едногласно побараа повлекување на поддршката за владата по состанок што траеше пет часа. Партиските лидери рекоа дека Гриндеану кој е на функција шест месеци, не ја почитувал програмата на партијата. Партијата се закани дека ќе го исклучи ако не поднесе оставка. Гриндеану го напушти состанокот пред гласањето без да даде коментар.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски