Григори Квирикашвили – нов премиер на Грузија

Од:

Грузискиот парламент го назначи синоќа Григори Квирикашвили на функцијата премиер на државата и поддржа негов состав на владата.

За назначувањето на Квирикашвили и владата гласаа 86 од 114 пратеници. Против гласаа 28 пратеници.

Претходниот премиер Иракли Гарибашвили неочекувано поднесе оставка на 23 декември без да посочи конкретно за причината за одлуката. Аналитичари и политичари од опозицијата сметаат дека оставката е поврзана со падот на популарноста на владејачката партија.

Квирикашвили е роден во 1967 година и најголем дел од кариерата поминал во финансискиот и банкарскиот сектор. Беше министер за економија во 2012 година, а од јули 2013 година беше и вицепремиер. Во говор пред пратениците тој најави продолжување на политиката на зближување со Западот и подобрување на односите со Русија.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија