Хуманитарната програма на ОН во Газа „повеќе не функционира“, рече шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс.
„Нема излез за луѓето од Газа“, рече тој.
Според него, недостатокот на безбедност во Газа се однесува и на хуманитарните операции, пренесува Би-Би-Си.
„Ова значи дека ако планирате хуманитарна испорака во Газа денес, треба да ја земете во предвид веројатноста дека ќе биде прекината, дека може да биде нападната, дека може да биде ограбена, дека може да се запре, пренасочи“, изјави Грифитс.