Грција загрижена од одлуката на Русија за ембарго врз увозот на овошје и зеленчук од Полска

Од:

Грција е загрижена поради одлуката на Русија да воведе ембарго врз увозот на овошје и зеленчук од Полска. Москва предупреди дека размислува да ја прошири забраната врз сите земји од ЕУ, пишува весникот „Та неа“.

Москва може да приложи ветеринарно-санитарни докази за својата одлука, поконкретно дека земјоделските производи се нападнати од опасни инсекти, што според меѓународните експерти претставува одговор на новиот пакет санкции воведени од ЕУ против Русија поради нејзината улога во украинската криза.

Весникот нагласува дека евентуалното остварување на овие негативни сценарија ќе доведе до натамошно влошување на грчкиот извоз оваа година, кој забележа намалување.

Вкупната вредност на грчкиот извоз за рускиот пазар изнесува 406 милиони евра, а Москва ееден од најдобрите клиенти на Грција за земјоделски стоки.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава