Две училишта на Агенцијата за помош и работа на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) во централниот дел на Појасот Газа беа погодени од гранати, соопшти вечерва агенцијата.
Во соопштението објавено на платформата X, се додава дека има и повредени во одделен напад кога училишната зграда во Рафах на југот на таа палестинска енклава претрпе колатерална штета откако беше погодена зграда во близина.
„Две училишта на УНРВА беа директно погодени, предизвикувајќи штети на зградите и повреди на луѓето кои се засолниле таму. Училиштето во Рафах претрпе колатерална штета, а луѓе беа повредени по нападот на блиската зграда“, се вели во соопштението.