Гранатирана фабрика за муниција во Украина

Од:

Силна експлозија одекна во Доњецк кога граната погоди фабрика за муниција и експлозиви, недалеку од рускиот конвој со хуманитарна помош, јави телевизијата Раша тудеј.

Според РТ нема жртви и повредени, а експлозијата во источниот дел на Украина била проследена со голем бел облак чад.

Погодената фабрика во Доњецк служи за производство на експлозиви и муниција, како и за демонтирање на неексплодирани бомби, собрани од боиштата.

Гранатата директно го погодила објектот со експлозиви, што предизвика уште една експлозија.

– За среќа не е погодена главната хала, каде се сместени два ипол тони експлозив, изјави Иван Проходко, заменик претседавач во градското собрание. Според него, предизвикана е голема материјална штета, но никој не е повреден.

Се шпекулира дека украинската војска лансирала тактичка ракета „Точка“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми