Гранатиран e Рафах, најмалку 60 мртви

Од:

Најмалку 60 луѓе загинаа во синоќешното израелско гранатирање на Рафах, град кој се наоѓа на самиот југ од Појасот Газа и во близина на границата со Египет.

Во последниве месеци, Рафах стана град домаќин на мнозинството палестински бегалци раселени од израелското бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа, во кој моментално живеат 1,4 милиони луѓе, според проценките на Обединетите нации.

Нападот на Рафах се случи иако претходно вчера Хамас најави дека офанзивата на тој град ќе го „торпедира“ секој договор за ослободување на заложниците кои се во нивно заробеништво од 7 октомври минатата година, а против офанзивата се изјаснија и САД.

Сепак, се чини дека синоќешното гранатирање на Рафах не го означи почетокот на офанзивата на тој простор. 14 куќи и три џамии беа погодени во различни делови на градот, а израелската армија објави дека извршила „серијата напади врз јужниот дел на Газа“.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас