Кај нас незамисливо, во некои други земји нормално. И затоа немојте ни да помислите дека некој наш градски татко ќе се одлучи на ваков чекот.
Градоначалникот на Севрaн, мал град покрај Париз, Стефан Гатињон, веќе неколку дена штрајкува со глад барајќи од владата помош за плаќање на заостанатите градски обврски од пет милиони евра.
Шаторот е пред зградата на Парламентот и го започна штрајкот со глад.
Како што вели, светската економска криза ги упропастила малите градови и тој сега нема од каде да ги плати општинските сметки, кои се искачија до пет милиони евра. Поради тоа бара итна помош од француската влада, бидејќи рокот за плаќање на сметките истекува.
„Ова е моја должност како градоначелник“, напишал Гатињон на Твитер и додал дека ќе штрајкува и денеска , бидејќи денеска ќе се расправа во Парламентот за финансирањето на локалните заедници.
Гатињон на новинарите им кажал дека без дополнителни пари од државниот буџет повеќе нема да може да им ги исплаќа платите на вработените во градските служби, а ќе биде приморан и да ги укине сите социјални давачки во една од најсиромашните општини во Франција.
Ова за нашите градоначалници би бил напис од рубриките „Верувале или не“.