Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов мораше денеска да ги демантира шпекулациите дека починал, откако хакери пуштиле таква вест на Твитер.
– Жив и здрав сум, истакна доцна синоќа 82-годишниот Горбачов за онлајн изданието на весникот „Новаја газета“.
Нагласувајќи дека ова не е првпат во јавноста да се објавуваат вакви информации, Горбачов додаде дека го интересира на кого не му се допаѓа тоа што е жив.
Тој изрази сомнеж дека хакерите „извршувале наредби на некои власти“. Во хакерската објава пишувало „Михаил Горбачов почина во кафулето Шоко во Екатеринбург“.