Израелските сили се борат против милитантите на Хамас во северниот дел на Појасот Газа со цел да добијат целосна контрола на северот за да можат да се фокусираат на југ, еден ден откако Советот за безбедност на ОН повика на поголема помош за палестинската енклава, но не побара прекин на огнот. Густ чад се надвисна над северниот град Џабалија, во кој се наоѓа и најголемиот бегалски камп во Газа.
Жителите рекоа дека градот доживува постојано воздушно бомбардирање и гранатирање од израелски тенкови, кои, според нив, напредувале понатаму во градската област. Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, потврдија дека се вклучени во борби со израелските сили во областа и тврди дека уништиле пет израелски тенкови. Ројтерс не можеше независно да го потврди тврдењето.