Голема израелска копнена операција против Хамас

Од:

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека започнала копнена операција против палестинската милитантна група Хамас на периферијата на Кан Јунис, на југот на Газа.

Генералот Ави Розенфелд ја нарече операцијата „Оз и Нир“, по кибуцот Нир Оз што Хамас го нападна на 7 октомври, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Проклетата сабота, 7 октомври, дојдоа страшни терористи и ги извршија најстрашните злосторства што може да се замислат“, рече израелскиот генерал.

Тој додаде дека „нападот на терористите од Газа бил насочен кон кибуцот Нир Оз, заедница на луѓе кои само работат и го поддржуваат мирот“.

Според ИДФ, припадниците на Хамас убиле и киднапирале десетици луѓе во Нир Оз.

„Гневот и шокот од она што им се случи на луѓето од Нир Оз и фрустрацијата што не успеавме да ги заштитиме секогаш ќе бидат со нас“, рече Розенфелд.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас