Израелската армија нападна цели во близина на градот Кан Јунис на југот на Газа, објавија денеска израелските медиуми. Весникот „Тајмс оф Израел“ ги цитираше палестинските извештаи дека израелските сили започнале силно бомбардирање на цели во градот за кои велат дека се поврзани со Хамас.
Претходно, десетици израелски тенкови напредуваа кон јужниот дел на Појасот Газа и беа забележани во близина на Кан Јунис, објави израелски весник. Очевидци забележале и оклопни транспортери и булдожери.
Израелската војска објави дека ја проширува својата копнена кампања на „сите области“ на Појасот Газа, што предизвика обновени повици до Израел да ги заштити палестинските цивили додека ги напаѓа милитантите на Хамас.