Семејството од соседните Обединетите Арапски Емирати, кое било на одмор во Катар, повикало такси, но брзајќи да го извадат багажот од колата родителите го заборавиле детето кое спиело на задното седиште.
Во паника, тие ја сфатиле глупоста по неколку минути, но таксито веќе било заминато.
Мажот и жената успеале да се поврзат со такси компанија која го нашла возачот.
Тој веднаш се вратил на местото каде ги оставил клиентите, за да го врати заборавеното дете кое спиело толку длабоко што ни тој самиот не го забележал позади.
Откако биле критикувани од локалните за својата постапка, родителите објасниле дека тоа било само несакана грешка, која може да се случи секому.