Гладни мечки во Романија извршиле „инвазија“ во еден град

Од:

Глутница гладни мечки се симнале од планините во околината на Харгита и Прахове во Романија и извршиле вистинска „инвазија“ врз малиот град во подножјето.

Локалните медиуми јавуваат дека кафените мечки се „растрчале“ низ градот во потрага за храна.

Мечките ги напаѓале кантите за отпадоци, дворовите на локалните жители и парковите, земајќи со себе се што им се чинело погодно за јадење.

Похрабрите жители ги снимиле мечките како трчаат по улиците, како се искачуваат по кантите за отпадоци, ги уриваат оградите меѓу дворовите. Но притоа не се интересирале за луѓето кои бегале од нив, па засега нема сознанија дека некој настрадал во оваа блиска средба на мечките и луѓето во Романија.

Еден од локалните жители објаснил дека една мечка влегла и во куќата на една старица која била дома и се подготвувала за јадење.

– Мечката собрала се што можела да земе за јадење од кујната, посебно интересирајќи се за палачинките што ги приготвила жената, но не ја нападнала, раскажувал еден локален жител.

Во соседните градови се одржале протести во кои луѓето барале да им се помогне на луѓето од наездата на гладните и инаку, опасни диви животни.

Засега не се знае како животните, среде лето се спуштиле од планините и навлегле во едно населено место, не обзирајќи се на луѓето, возилата, градската живост и буката што обично, притоа се создава.

Според еврропските податоци, во Романија живеат 60 отсто од сите кафени мечки во европските шуми.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски