Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е против воведување забрана за издавање туристички визи за руските државјани.
– Ова е војна на (рускиот претседател Владимир) Путин, така што тешко ми е да се согласам со таква идеја, рече Шолц пред новинарите во Берлин, осврнувајќи се на „далекусежните санкции“ наметнати кон Русија заради војната во Украина.
Тој е уверен дека ефикасноста на санкциите ќе биде ослабена доколку тие се насочени неселективно, против недолжни луѓе. Смета дека ефективноста на „мошне силните санкции воведени против Москва“ ќе биде ослабена доколку ако тие биле воведени против сите, вклучително и невини луѓе.”
Владите на Естонија и на Финска ги повикаа другите земји од ЕУ да ги забранат туристичките визи за Русите.
Портпаролката на Европската комисија денеска нагласи дека според сегашната легислатива, целосна забрана за туристички визи не е можна. Таа појасни дека секоје барање за издавање виза може да се разглеедува поединечно, но оти државите-членки мора да ги почитуваат човековите права.
Сепак, Еврокомисијата уште во мај испрати насоки до државите-членки по однос прашањето за визите, според кои барањата за добивање виза може да бидат отфрлени индивидуално, на пример доколку лицето што аплицирало за виза претставува можна закана за јавниот ред, внатрешната безбедност или меѓународните односи.
Како примери на лица кои би морало да добијат визи се посочени некои професии како новинари, потоа политички дисиденти или членови на семејство.
Во моментов во рамки на Унијата се водат разговори во насока на координирање на мерките по прашањето.
Извор: МИА