Германски експерт открива: Украина подготвува нова офанзива

Од:

Вооружените сили на Украина подготвуваат нова офанзива за 2024 година.

Ова го тврди германскиот експерт за безбедност и политички советник Нико Ланге во интервју за весникот „Велт“.

„Украина веројатно собира ресурси за нова контраофанзива следната година“, рече Ланге.

Според неговото мислење, главната насока на новата контраофанзива ќе биде Херсон.

Ланге додаде дека за тоа зборува и списокот на оружје што Украина им го предаде на САД. Има хеликоптери Блек Хок и Апачи, авиони Ф-16 и Ф-18, разни ракетни системи, тенкови Абрамс, беспилотни летала и муниција.

„Во целина, украинската нарачка навестува нов обид да се префрли на маневарска војна, по можност со истовремена употреба на различни борбени системи, што не беше реализирано за време на летната контраофанзива на Киев“, вели Ланге.

Весникот потсетува дека вооружените сили на Украина летово се обиделе да ја надминат руската одбранбена линија со употреба на германски тенкови „Леопард“ и американски борбени возила на пешадија „Бредли“. Контраофанзивата, сепак, заврши катастрофално, заклучува весникот.

Украинската контраофанзива започна на 4 јуни, но украинската армија не беше во можност да постигне значителен успех во која било насока. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека контраофанзивата пропаднала.

Западните медиуми се почесто пишуваат за тоа дека САД и Европската унија се уморни од украинската криза, а поддршката за Зеленски слабее.

Според информациите на телевизискиот канал NBC, американски и европски претставници веќе разговараат со властите во Киев за можните последици од мировните преговори со Русија и од што Украина би морала да се откаже за да се постигне договор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците го уништија рускиот „Сафир“ – најсовремениот систем за електронско војување

ВИДЕО: Русија и Украина се обвинуваат за пожарот во нуклеарката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

Зеленски бара оружје со долг дострел