Германија одобри извоз на оружје во Саудиска Арабија и покрај забраната

Од:

Германската Влада одобри испорака на воена опрема и муниција за борбени авиони за Саудиска Арабија и покрај забраната за извоз.

За испораката извести министерот за економија Роберт Хабек во писмо до одборот за економија на германскиот Парламент. Извозната дозвола, според писмото, е составен дел од заедничката програма на Германија, Италија, Шпанија и на Велика Британија.

Станува збор за прв случај во мандатот на коалициската влада, да биде искористена можноста за исклучок и да биде одобрен извоз за оружје за Саудиска Арабија, на контроверзен купувач.

Опремата и муницијата за авионите „Еврофајтер“ и „Торнадо“ се вредни 36 милиони евра. Саудиска Арабија ќе добие и резервни делови за „Аирбус А330 МРТТ“ во вредност од 2,8 милиони евра, што ќе бидат испорачани во склоп на европскиот проект за соработка.

Поранешната германска Влада на чело со Ангела Меркел, главно го одбиваше извозот на оружје во Саудиска Арабија,меѓу другото, поради вмешаноста на кралството во војната во Јемен и убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги. Сепак, дозволуваа исклучоци за заеднички проекти со партнерите од НАТО, потсетува ДПА.

Претседателката на одборот на германскиот Парламент за надворешна политика од редовите на Левицата, Севим Дагделен остро ги критикуваше дозволите, нарекувајќи ги „криминални“.

– Очигледно е дека веќе не се двоумиме при вооружување авторитарни режими и поттикнување војни низ светот, посочи Дагделен.

ДПА потсетува дека минатата сабота канцеларот Олаф Шолц ја посети Саудиска Арабија за да разговара за увоз на енергенти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Пронајдени пушки и муниција во Кичевско, уапсен е 50-годишник

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога