Германска невладина организација тужи службеници на ЦИА за случајот Ел Масри

Од:

Европскиот центар за уставни и човекови права со седиште во Берлин поднел тужба против Алфреда Францис Биковски службеник на ЦИА, која што наводно давала наредби за осомничени терористи соработници на Ал Каеда.

Tужбата која што е доставена до германскиот федерален суд содржи докази дека Биковски била вклучена во мачење на германскиот граѓанин Калед Ел Масри и затоа бара службенкот на ЦИА да биде судена во Германија. Биковски која што во тужбата се нарекува „кралица на тортурата“ наводно дала наредба за апсењето на Ел Масри во 2003 година кога тој беше уапсен во Македонија по што бил притворен 23 дена се додека не било потврдено дека дека се работи за погрешен човек.

Биковски која што тогаш била заменик шеф на единицата која што вршела потрага по Осама Бин Ладен дала наредба Ел Масри да се донесе во Авганистан за понатамошно испитување кое траело четири месеци по што тој бил вратен во Албанија а потоа и во Германија, се тврди во тужбата.

Во Германија веќе има издадено наредба за приведување на екипажот на авионот на ЦИА кој што го пренел во Авганистан по што сега Европскиот центар за уставни и човекови права ја следи линијата на давање команди, вели Андреас Шулер шефот на програмата за меѓународен криминал и одговорност во организацијата која што ја тужи Биковска.

Во тужбата се бара германскиот јавен обвинител да започне истрага против Биковски при што се повикува на извештајот за тортура на американскиот Сенат во кој што има докази за нејзина инволвираност против висок службеник на ЦИА кој што инсистирал на апсење на Ел Масри. Доколку обвинителството во Германија одлучи да не започне истрага организацијата ќе поднесе барање до државниот обвинител во Минхен каде што пред осум години се издадени потерници по 13 службеници на ЦИА инволвирани во случајот Ел Масри.

Според германскиот закон за злостроства против меѓународното право земјата има право со дозвола на овинителството да истражува случаи на прекршени човекови права извршени во странство при што не е неопходно обвинетиот да биде присутен во земјата.

Би можело да ве интересира

Богданов: Изјавата на поранешен министер за внатрешни работи клучен доказ за пресудата за Ел Масри

Емир Латифовиќ

Судот во Стразбур ја објави пресудата за Ел Масри

Ана Ололовска

Изземен македонскиот судија од случајот Ел Масри

Емир Латифовиќ

Ел Масри и неговиот сведок не се појавија во судот

Емир Латифовиќ