Германија: Треба да се внимава со бројот на загинати Палестинци, податоците ги испраќа Хамас

Од:

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи рече дека треба да се биде претпазлив за бројот на смртни случаи објавени од Министерството за здравство на Газа. Денеска споменатото министерство, кое е под управа на Хамас, објави дека во израелското бомбардирање на Газа досега се убиени 7.326 Палестинци, меѓу кои повеќе од 3.000 деца.

На прес-конференција во Берлин, Кристијан Вагнер рече дека меѓународната заедница не може да ги потврди информациите за бројот на загинатите испратени од Хамас и затоа на овие бројки треба да се гледа со претпазливост.

„Хамас не е извор на информации за нас. Тоа е терористичка организација“, рече Вагнер.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа