Германските научници денеска спроведоа експеримент во кој го тестираа „најголемото вештачко сонце“, што треба да доведе до нови начин за производство на чиста енергија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во експериментот наречен „Сончева светлина“, што се спроведува во лабараторијата во Јелих на околу 30 километри од Келн, се користат ксенонски ламби што стимулираат создавање на природна светлина.
Со помош на специјални техники научниците од германскиот Аеронаутички центар (ДЛР) успеале да произведат 10 илјади пати поголема соларна радијација од тоа што вообичаена може да се прозиведе во лабароториски услови.
Според директорот на ДЛР, Бернард Хофшмит тестирањата покажале дека со оваа методолигија може да се дојде до нови начини за производство на хидроген и натаму на чиста енергија која може да се користи за комерцијални цели.
Хидрогенот, кој не може да се најде во природата, при согорувањето не создава карбонски остатоци и не е штетен за животната средина или глобалното затоплување. Неговото производство засега побарува огромна количина на електрична енергија.
Истражувачите на ДЛР сметаат дека со помош на денешните експерименти во иднина ќе најдат начин да ја искористат сончевата енергија во процесот на создавање на хидрогенот и со тоа човештвото да дојде до речиси бесплатна и ефтина енергија.