Герасимов и Залужни исцртуваат нови граници, Украина може да влезе во НАТО

Од:

Русија и Украина водат тајни мировни преговори преку највисоките воени функционери Валери Герасимов и Валери Залужни, тврди американскиот новинар Сајмон Херш, повикувајќи се на анонимни американски претставници.

Во напис објавен на платформата Сабстак, добитникот на Пулицерова награда напиша дека Герасимов и Залужни наводно преговарале за утврдување на границите долж сегашната линија на фронтот, што подразбира задржување на Крим и окупираните територии на ДНР и ЛНР, како и регионот на Херсон и Запорожје.

– Сериозните мировни преговори меѓу Русија и Украина се забрзани, но нивната главна движечка сила не се ниту Вашингтон, Москва, Бајден или Путин, туку двајца високи генерали, началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов и врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валери Залужни – вели Херш.

Според овие изјави, Украина ќе може да влезе во НАТО, но со обврска Алијансата да не стационира војници или офанзивно оружје на територијата што ја контролира Киев.

Херш наведува дека Белата куќа е целосно против предложениот договор.

– Американскиот функционер рече дека Зеленски бил свесен дека не тој, туку армијата ќе го реши овој проблем, а преговорите ќе продолжат со или без него – напиша Херш.

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Украина и Русија денеска разменија 95 воени заробеници

Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

Аларм во Полска: Сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огромен руски напад, 20 мртви во неколку градови, погодена детска болница во Киев

Горан Наумовски