Стотици тенковски гранати го погодија бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, иако израелските копнени операции се концентрирани на југот на енклавата, јавува Би-Би-Си.
„Вчера на пазарот во Џабалија ископавме масовна гробница за повеќе од 100 луѓе“, изјави генералниот директор на Министерството за здравство во Газа, д-р Мунир Ал Бурш.
Во извештајот на Обединетите нации се вели дека „повеќе од 100 луѓе загинале, а многу други се повредени во бомбардирањето на неколку станбени згради во Џабалија“.
Локалните власти во Газа соопштија дека околу 100.000 луѓе се уште се во Џабалија без храна или медицинска нега, додека израелските тенкови го опколија кампот.