Газа: Снајперист уби мајка и ќерка во парохијата на Светото семејство

Од:

Снајперист застрелал две жени во парохијата на Светото семејство во Појасот Газа, соопшти денеска Римокатоличката Ерусалимска патријаршија.

Во соопштението било наведено дека мајката и ќерката кои биле упатени кон женскиот манастир биле убиени, пренесува Си-Ен-Ен.

Едната жена е убиена веднаш, а другата додека се обидувала да се засолни на безбедно место, се вели во соопштението.

Уште седум лица се убиени и ранети во нападот на овој црковен комплекс, каде повеќето христијански семејства од Газа нашле засолниште од вооружените конфликти, соопшти Ерусалимската патријаршија, под чија јурисдикција се католичките цркви низ Кипар, Јордан, Израел, појасот Газа и тие на Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас