Гардијан: Нетанјаху го отфрли договорот за петдневно примирје со Хамас

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли петдневниот договор за прекин на огнот со палестинската милитантна група Хамас во Газа во замена за ослободување на некои од заложниците кои се држат на територијата, објави денеска Гардијан, повикувајќи се на неименувани извори.

Изворите на британскиот весник рекоа дека Нетанјаху целосно го отфрлил договорот на првите разговори, откако милитантите извршија терористички напад врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа околу 1.400 луѓе.

Разговорите продолжија откако Израел започна копнена офанзива на Појасот Газа на 27 октомври, но Нетанјаху повторно зазеде цврст став за предлозите кои вклучуваат прекини на огнот со различно времетраење во замена за одреден број заложници.

Кабинетот на израелскиот премиер се уште не го коментирал извештајот на Гардијан.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас