Гамбија ги обвини САД и Велика Британија за заговор

Од:

Гамбија ги обвини САД и Велика Британија за повеќе обиди за државен удар во земјата и за поддршка на опозицијата во дестабилизирањето на власта на претседателот Јаиј Џама.

Гамбија го обвинува САД и Велика Британија дека го спонзорирале државниот удар во 1995 година.

– Овие две западни сили продолжуваат со безобразните обиди за дестабилизација на нашата земја, очајнички користејќи ги сите средства за тоа, од спонзорирање на заговор до финансирање на опозицијата, се наведува во соопштението од кабинетот на Џама.

Велика Британија ги отфрли обвинувањата, а САД се уште не одговорија на обвинувањата од Гамбија.

Џама минатата недела одлучи Гамбија да се повлече од Комонвелтот составен од 53 членки, вклучително Велика Британија и нејзините поранешни колонии.

 

Би можело да ве интересира

Гамбија: Индиски производител на лекови одговорен за смртта на најмалку 70 деца од акутна болест на бубрезите

А1он

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19

Ана Ололовска

Гамбија ја обвини Мјанмар за геноцид врз Рохинџите пред судот на ОН во Хаг

Ана Ололовска

Почина првиот демократски избран претседател на Гамбија

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на Гамбија украл 50 милиони државни пари

Ана Ололовска

Поранешниот лидер на Гамбија замина во егзил со 11,4 милиони долари и луксузни возила

Ана Ололовска