Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вети дека конфликтот во Газа ќе продолжи додека Израел не ги постигне своите цели, и покрај меѓународниот притисок.
Говорејќи на прес-конференција, тој рече: „Војната ќе заврши кога ќе се постигнат целите на Израел. Ние го земаме предвид сето она што САД го бараат и велат и го сфаќаме сериозно. Баталјоните на Хамас Џабалија и Шејаја во северна Газа се на работ на распуштање. Израелските сили ги опколија последните упоришта на Хамас во областа. Стотици оперативци на Хамас се предадоа во последните денови, што покажува што се случува во групата. Оние кои се предадоа беа поштедени. Ни кажаа многу интересни работи“, изјави израелскиот министер за одбрана.