Галант: Она што можеме да го направиме во Газа, можеме и во Бејрут

Од:

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го предупреди либанскиот Хезболах дека Бејрут може да ја доживее судбината на Газа доколку проиранската група го вовлече Либан во војна.

„Она што можеме да го направиме во Газа, можеме да го направиме и во Бејрут“, рече Галант за време на посетата на северен Израел, во близина на границата со Либан.

– Ако Хезболах направи такви грешки овде, први што ќе ја платат цената ќе бидат граѓаните на Либан, предупреди тој.

Тој додаде дека оваа шиитска група го вовлекува Либан во војна.

Хезболах разменува оган со израелските сили на либанско-израелскиот фронт од 8 октомври и оттогаш се убиени 70 негови борци. Убиени се и неколку цивили, пишува Ројтерс.

Израел ја засили опсадата на Газа по нападот на Хамас на 7 октомври во кој Израел соопшти дека биле убиени 1.200 луѓе, а околу се 240 киднапирани.

Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 11.000 луѓе, од кои многу жени и деца, се убиени откако Израел ја започна својата операција во малиот крајбрежен појас со 2,3 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас