Галант: ИДФ зароби повеќе од 100 оперативци на Хамас во последните два дена

Од:

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска објави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) во последниве денови заробиле повеќе од 100 оперативци на палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.

„Во изминатиот ден и половина, имаме над 100 затвореници, од кои некои се предале откако се сокриле во тунелите во областа Кан Јунис и на други места, бидејќи сфатиле дека не можат да се борат против ИДФ“, рече тој.

Галант изјави дека Хамас има „стотици жртви под земја“ како резултат на акциите на израелската армија.

„Хамас се урива во сопствените тунели кои макотрпно ги ископа. Погодивме на секое место за кое мислеа дека ќе биде стапица за војниците на ИДФ“, рече Галант во обраќањето до војниците на елитната борбена инженерска единица Јахалом.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас