Г7 во Брисел: Главна тема Украина

Од:

Лидерите на седумте најразвиени држави во светот ќе се состанат вечерва на самит во Брисел, а главна тема ќе бидат односите со Русија и украинската криза.

Шефовите на државите и владите на САД, Јапонија, Франција, Германија, Велика Британија, Канада и Италија за прв пат во триесетгодишната историја на Г7 ќе се сретнат во седиштето на ЕУ во Брисел.

Самитот според првичниот план требаше да се одржи во Сочи, а на него требаше да присуствува и Русија како осма членка, но лидерите на останатите држави одлучија да ја исклучат поради анексијата на Крим.

Домаќини на собирот ќе бидат претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Херман Ван Ромпеј и Жозе Мануел Барозо. Според информациите до кои дојдоа новинарите во седиштето на Европскиот совет, овој пат нема да има нови санкции за Русија, поради поддршка на сепаратистите во Украина, туку лидерите ќе се залагаат за тоа, Москва да стапи во политички дијалог со властите во Киев.

-За сега нема да се разговара за дополнителни мерки против Русија, но заканата со санкции останува, вели функционер од Европскиот совет кој сака да остане анонимен.

Според неговите зборови Русија не е исфрлена од Г7, туку сама се исклучила со прекршување на меѓународното право, со анексија на Крим и дестабилизација на Украина.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми