Фронтекс: Намален бројот на мигранти кои во Европа пристигнуваат преку море

Од:

Бројот на мигранти кои пристигнале во Европа преку море во минатата година се намалил за две третини во споредба со 2015 година, соопшти Фронтекс.

Во 2016 година преку морски пат пристигнале 364.000 луѓе. Во Грција пристигнале 182.500 мигранти и тоа е намалување за 79 отсто во споредба со 2015 година. Зголемен е сепак, бројот на мигрантите кои дошле во Европа од Африка.

Околу 181.000 мигранти дошле на тој начин во Италија лани што е зголемување за 20 отсто во споредба со 2015 година. Најмногу мигранти се од Нигерија, Еритреја и Гвинеја.

Сиријци, Авганистанци и Ирачани ја користат Медитеранската рута по затворањето на Балканската. Меѓународната организација за миграција соопшти дека 2016 година била најсмртоносна за мигрантите во Средоземното Море каде се удавиле речиси 5.000 луѓе.

Австрија предложи промена на европскиот систем за прием на мигранти и бегалци во ЕУ.

– ЕУ треба да ја намали миграцијата со забрана за кандидатите за статус на бегалци да поднесуваат молби на европска територија. За таа цел, ЕУ треба да форммира центри вон Унијата каде ќе се поднесуваат такви молби, нагласи австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил.

Би можело да ве интересира

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ