Фридрих Мерц e предизвик за Урсула фон дер Лајен и нејзината позиција во ЕУ

Од:

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, за кого се предвидува победа на претстојните избори, јасно најави дека ќе биде многу поактивен во европските прашања од неговиот претходник Олаф Шолц, што бриселски Политико го оцени како најголем предизвик за Урсула фон дер Лајен како претседател на Европската комисија.

Подемот на Мерц доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп сигнализира дека Европа мора да преземе поголема одговорност за воената и економската помош за Украина.

Иако поголема улога на Германија во ЕУ може да биде од корист на Фон дер Лајен, конфликтите меѓу Мерц и неа се сè поочигледни, пишува Политико.

Додека Фон дер Лајен се залага за зелени реформи, родова еднаквост и отворени внатрешни граници на ЕУ, Мерц поддржува дерегулација, ограничување на миграцијата и зајакнување на националните држави во однос на Брисел.

Нивниот однос е дополнително затегнат поради долгогодишниот конфликт во ЦДУ, каде Фон дер Лајен беше близок соработник и заменик на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, додека Мерц беше нејзин противник со години.

Нивниот однос се очекува да ги обликува идните политички случувања во ЕУ, особено за прашањата на фискалната политика, односите со Кина и миграцијата, пишува Политико.

Би можело да ве интересира

Мерц: Средба Путин-Зеленски во следните две недели

Мерц: Путин сериозно да ја сфати понудата на претседателот Трамп

Мерц: Безбедноста на Украина и Европа мора да биде приоритет во разговорите Трамп-Путин

Новата реалност во Германија: Десничарите од AfD се убедливо најпопуларната партија

Предраг Петровиќ

Мерц бара од Нетанјаху да направи сè за да се постигне прекин на огнот во Газа

Мерц му порача на Израел: Дозволете хуманитарната помош да стигне до луѓето