Франсоа Оланд го потврди договорот со Египет за двата брода „Мистрал“

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека Франција нема да има загуба од препродажбата на Египет на двата воени брода „Мистрал“, првично изработени за Русија, пред ЕУ да наметне санкции на Москва.

Договорот со Русија го раскинавме под добри услови, исполнувајќи ги сите обврски кон Русија и без никакви пенали за Франција, изјави Оланд пред новинари по пристигнувањето во Брисел, додавајќи дека разговарал по телефон со претседателот Сиси и ги договориле цената и условите за продажба.

Египет е оптимален купивач, изјави Оланд, нагласувајќи дека Франција веќе продала на Каиро воени авиони „Рафал“. Египет сега минува низ важен период на транзиција кон демократија, а претседателот Сиси веќе го изнесе значењето на нашите односи, за Европа, за Блискиот Исток и воопшто, француските бродови да го штитат Суецкиот канал, истакна францускиот претседател, пренесува ТАСС.

Двата брода ќе бидат продадени на Египет за околу 950 милиони евра. Испораката е предвидеан за почетокот на март, по обука на околу 400 Египќани и изведување на некои финални тестови.

Според дипломатски извори Каиро, планира едниот брод да го распореди во Средоземно Море, а другиот во Црвено Море.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ