Францускиот министер за економија Емануел Макрон ќе треба да плати данок на богатството

Од:

Францускиот министер за економија Емануел Макрон, отсега ќе треба да плаќа данок на богатството (ИСФ), објави порталот Медиапарт, пренесува дописникот на МИА од Париз.

„По 1,5 година дискусии со даночната служба, кои се однесуваа на вредноста на имотот на неговата сопруга во Туке, Емануле Макрон на крајот призна дека треба да плати данок на богатство и поднесе нова даночна пријава за 2013 и 2014 година, пишува Медиапарт.

Имотот на министерот повторно беше проценет, со што е надминат прагот за плаќање данок на богаство, што е утврден на 1,3 милиона евра.

Засега министерот не сака да дава изјава, зборувајќи за „даночна тајна“, која се применува за секој француски даночен обврзник.

Министерот Макрон во април го критикуваше данокот на богатство.

Според комисијата за транспарентност на лицата во јавниот и политички живот, Емануел Макрон кога работел во банката Ротчилд, меѓу 2011 и 2012 година, заработил 2,4 милиони евра .

Би можело да ве интересира

Хаос во Италија, три лица беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата

Еуро 2016 е потенцијална цел на терористите, соопшти британското МНР

Емир Латифовиќ

Дваесет и прва конференција на ОН за климатските промени почнува во Париз

Емир Латифовиќ

Терористичките напади ќе ја чинат Франција околу две милијарди евра

Емир Латифовиќ

Оланд во посета на Грција

Емир Латифовиќ

Муслиманите во Франција стравуваат од исламофобична реакција

Емир Латифовиќ