Франција масовно излезе на улиците за да рече – не за поделбите и тероризмот

Од:

Стотици илјади луѓе излегоа денеска на улици во Париз на Маршот на солидарноста, јавува дописникот на МИА од Париз.

Од плоштадот на Републиката до плоштадот на Нацијата во Париз, улиците се преполни.

На улиците се слушаат извици: Сите сме Шарли или пак извиците на имињата на жртвите на загинатите во терористичките атентати. Многу моливи и пенкала во рацете, како одговор на обидот на исламистите да ја замолчат слободата на изразување и слободата на печатот.

Но, не само во Париз, туку и низ цела Франција, милиони Французи учествуваат на марш.

– Дојдов да искажам дека сум за слободата на изразување, ги гледате моите убедување. Не сум изнеанден од оваа мобилизација, задоволен сум. “

„Пораката која е испараќaм е дека сите ние во светот и посебно во Франција, скаме да продолжи да живее слободата, братството меѓу народите. Почитувајќи го секој. Треба да се почитуваат правата и обврската за да им да ги пренесеме на нашите деца  вредностите на слобода и братство.“

Париз денес е престолнина на светот. Околу педесетина шефови на држави и влади дојдоа за да ја изразат нивната солидарност со Франција и да им изразат почит на загинатите во терористичките акции.

Во Париз  покрај претседателот Оланд од плоштадот на Републиката до плоштадот на Нацијата, заедно со него маршираа педесетина шефови на држави и влади – Ангела Меркел, Дејвид Камерон, Матео Ренци, кралoт на Јордан Абдулах Втори и неговата сопруга,  израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинксиот претседател Махмуд Абас.

На маршот во Париз  беше претставен скоро целиот регион на ЈИЕ, меѓу кои и премиерот на Турција Ахмет Давотоглу. Досега сигурно не се памети на еден јавен протест да се појават толку многу светски државници.

Целокупната француската политичка класа се појави на улиците во Париз, освен Марин Ле Пен која манифестираше во провинциски град, а поранешните претседатели Валери Жискиар д’Естен и Жак Ширак поради здраствени причини не се појавија на маршот.

За безбедноста се грижат околу 2300 припадници на силите на редот, 24 мобилни единици на француските безбедносни сили, дваесетиниа екипи на Антикриминалната полиција, 56 екипи на мотоцикли.

Во француското Министерство за внатрешни работи се одржа состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ и САД, на кој се разговараше за зајакнување и координирање на мерките за борбата против тероризмот и радикалниот ислам. Америкканскиот министер за правда Ерик Холдер најави дека на 18 февруари во  Вашингтон ќе се одржи меѓународен самит посветен на борбата против тероризмот.

Претходно, домаќинот Бернар Казенев, изјави дека главните европски земји се согласиле со САД да ја подобра соработката против тероризмот. Според Казенев, европските текстови за борба против тероризмот се недовоолни. Најавено е поголема контрола на надворешните граници на ЕУ, како и усвојување на европска листа за патници во воздухопловниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Партијата на Ле Пен освои три милиони гласови повеќе од победниците на изборите

Атал останува премиер на Франција

Горан Наумовски

Што ќе се случува во Франција: нова влада или криза

Катерина Ѓуровски

Макрон „ќе ја почитува одлуката на француските гласачи“

Катерина Ѓуровски

Макрон ја турна земјата кон неизвесност и нестабилност обвини лидерот на француската крајна десница

ВИДЕО: Драматичен пресврт на изборите во Франција покажуваат излезните анкети

Катерина Ѓуровски