ФПО бара забрана за влез на Курц во Тирол

Од:

Шефот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) во провинцијата Тирол, Маркус Абверцгер ги критикуваше новите мерки што ги усвои австриската Влада во врска со оваа покраина и побара Тирол да воведе забрана за влез на канцеларот Себастијан Курц.

Австриската Влада донесе одлука од петок да воведе обврска за тестирање на граѓаните на Тирол кои би имале намера да патуваат од таа провинција во другите делови на Австрија.

Владата ја донесе оваа одлука откако Тирол стана центар на ширење на јужноафриканскиот вид коронавирус.

Абверцгер вели дека не ја разбира одлуката и дека таа не може да биде професионално оправдана.

– Канцеларот издаде предупредување за патување само за една покраина, поради што тој не мора да доаѓа во Тирол, не сакаме повеќе да го гледаме тука, порача Абверцгер.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски