Сатиричните портрети на рускиот претседател Владимир Путин и на премиерот Дмитриј Медведев се запленети бидејќи ги кршат законите, соопштиле официјалните престставници на локалната полиција, пренесува британскиот „Тhe Guardian“.
Меѓу спорните уметнички дела се нашла и споменатата слика на која Путин во женска долна облека го чешла Медведев, но и портретот на кој владиката на православната црква е покриен со тетоважи.
Сопственик на галерискиот простор „Музеј на моќта“ (Museum of Power), Александар Донској, наведува дека не добил објаснување за овој чин, туку оти полицијата упаднала во галеријата и ги одземала сликите.
Началникот на полицијата во Санкт Петесбург Виталиј Миронов во кратка изјава за медиумите соопштил дека сликите се запленети поради порнографски содржини.