Во Истанбул и во главниот турски град Анкара денеска одново има масовни протести и судири со полицијата,во кои силите на редот употребуваат солзавец, додека демонстрантите фрлаат камења.
Илјадници демонстранти маршираат преку еден од мостовите што ги поврзауваат Азија и европското копно,во Истанбул,во обид да дојдат до главниот плоштад во најголемиот турски град.
Судири има и во истанбулскиот кварт Бешикташ,но и во реонот на плоштад Таксим,каде и вчера имаше улично насилство и сидири меѓу полицијата и демонстрантите.
Во Анкара, демонстрантите се обидуваат да дојдат до зградата на турскиот Парламент. Протестите избувнаа вчера како незадоволство од одлуката на властите за темелно преуредување на плоштадот Гези во Истанбил,но ескалираа кога полицијата,во обид да ги запре демонстрантите,употреби гас-солзавец,а подоцна и водени топови.
Во вчерашните судирања е предизвика голема матеројална штета,а се јавува за повеке повредни лица.Полицијата подоцна соопшти дека во немирите е убиена и една жена,за која се разбра дека е туристка од Египет.
Улиците на Истанбул станаа крвави поради тоа што жителите не сакаат единствениот парк во централниот дел на градот да се претвори во трговски центар како што има зацртано власта.
Гези е мал парк во центарот на Истанбул, каде власите одлучија да ги исечат сите дрвја и наместо нив да се изгради голем трговски центар. Во почетокот се побунија околу 50 демонстранти, но откако беа крваво растерани, се случи народот да излезе на улиците. На страна не остаа ниту славните турски спортисти.
Полицијата на почетокот користеше само бибер спреј, но не успеаа да ги растераат демонстрантите, посебно не откако видоа како се корнат старите дрвја.