Јапонски манга уметниците прикажаа неколку светски диктатори низ исотријата на еден многу интересн начин, имено, ги претставија како жени, со долга коса и здолништа.
За нас најинтересен е Јосип Броз Тито кој е претставен како дадилка или мајка која се грижи за децата. Секое дете е една од републиките на поранешна Југославија.
Нишиеда, Такеши и Мики Нонохара имаат потпишано 70-ина слики на диктатори.
На пример, Ким Јонг-Ил е претставена како жена која носи зелени панталони и има две плетенки, Бенито Мусолини црна јакна и кратко здолниште што личи на ученичка, Адолф Хитлер нема мустаќи, но има различни бои и четка, а се знае дека Хитлер бил многу вешт со овие додатоци.
Прикажани се и Садам Хусеин, Фидел Кастро, Омар ал-Башир и многу други.