Полицаец во Кина го спасил животот на една девојка која сакала да изврши самоубиство.
Тој се врзал со неа со лисици, а клучот го фрлил.
Очајната девојка се качила на бетонскиот дел од билборд во Пекинг, во намера да скокне од него.
Еден од полицајците почнал да разговара со неа, за да ја оттргне од намерата, па едниот крај од лисиците го врзал за себе, а другиот за девојката.
За да и покаже дека е одлучен во намерата да ја спаси, клучот го фрлил, па во случај девојката да скокне, и тој да падне со неа.