Илјадници Кинези, втор ден по ред, продолжуваат со масовните анти јапонски протести во неколку кинески градови, предизвикани од територијалниот спор на двете земји во источното кинеско море.
Протестите кои се опишуваат како најжестоки во последните 40 години, почнаа вчера кога кинеските демонстранти ја опколија јапонската амбасада во Пекинг и фрлаа камења, јајца и шишиња.
Протести вчера имаше и пред јапонскиот конзулат во Шангај, а масовни собири има уште во неколку кинески градови, при што мета беа сите јапонски ресторани, а запалени беа и сите јапонски автомобили на кои наиде толпата.
Полицијата употреби и водени топови и солзавец за да растера демонстрантите cija morala vodenim topovima i suzavcem smirivati situaciju.
Јапонскиот премиер Јошико Нода ги повика кинеските власти да го спречат насилството и уништувањето на јапонскиотм имот во Кина.
Териотријалниот спор есклираше во петокот кога Кина испрати шест извидувачки брода до островите во источното кинеско море, што внесе напнатост меѓу двете земји поголема од таа во 2010. година.
Тоа беше одговорот на Кина на одлуката на јапонската влада да ги купи островите од приватен јапонски сопственик, иако Кина предупреди да не го прави тој чекор. Пекинг купувањето на островите го сфаќа како провокација и кршење на кинескиот суверенитет.