Две лица се ранети денеска при серија експлозии во будистичкиот храм „Махабоди“ во истолната индиска сојузна држава Бихар.
Првата бомба експлодирала рано изутринава покрај статуата на Буда на велзот во храмот, по што, според различни извори, следеле уште меѓу четири и седум експлозии во внатрешноста на објектот.
Подоцна полиција пронашла уште две поставени бомба, кои била деактивирана. Претставник на локалната поплиција изјави дека при експлозиите нема повеќе жртви и поголеми штети благодарение на тоа што бомбите биле се слаба моќност и што експлозиите се случиле во раните утрински часови, кога во храмот по правило има малку луѓе.
При експлозиите се ранети еден монах и еден верник, кои се пренесени во болница, но засега нема информации за сериозноста на нивните повреди.
Досега никој не презеде одговорност за нападот. Храмот „Махабоди“ е изграден на местото каде според будистичките преданија Гаутама Сидарта доживеал просветлување и се трансформирал во Буда.
Храмот се наоѓа на листата на светско културно наследтво на УНЕСКО.