Старо-нова влада во Сирија

Од:

Сирискиот претседател Башар ел Асад денеска го одобри формираниот нов владин кабинет на премиерот Риад Хиџаб. Тој по изборите на 7 мај вети ново раководство на државата, но имајќи го предвид сегашниот избор за премиер и составот на имињата кои се назначени клучните функции, експертите се сомневаат колку тој си го одржал зборот.

Два опозициски лидери добија место во новата влада на Асад, Али Хаидар, лидер на Сириската социјална партија кој е назначен за министер за национално помирување и Кадри Џамил од Народниот фронт за промени и ослободување назначен за заменик министер за економија.

Сепак, озогласениот министерот за одбрана Дауд Раџиха, за кого бунтовниците тврдеа дека го ликвидирале, останува на функција.

Изборите на 7 мај беа бојкотирани од опозицијата затоа што сите мандати ги освои коалцијата Национален прогресивен фронт, предводен од асадовата Арапска партија за социјалистичка преродба (БААС) и нејзините сојузници.

 

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад