Формирана нова палестинска политичка опција

Од:

Пет палестински политички групи формираа нов блок, чија идеја е да претставува конкуренција на умереното движење Фатах (Победа) на палестинскиот претседател Махмуд Абас и на радикалното Исламскo движење на отпорот (Хамас).

Лидерите на петте движење денеска на прес-конференција најавија дека блокот ќе се вика Демократски клуб и ќе се залага за одржување претседателски и парламентарни избори на палестинските територии, како и за заштита на човековите права на Палестинците.

Последните избори на палестинските автономни територии се одржани во 2006 година, на кои најмногу гласови освои Хамас, но претседателот Абас, кој на функцијата беше избран една година претходно, формира влада на неговото движење Фатах со неколку помали партии.

Во 2007 година Хамас презеде контрола врз Појзаот Газа, а Фатах ја задржа управата врз Западниот Брег. Поради спорот меѓу двете водечки палестински движење, изборите на палестионските автономни територии беа одложени на неопределно време.

Во октомври 2017 година Фатах и Хамас постигнаа договор за формирање влада на национално единство и за одржување нови претседателски и парламентарни избори до крајот на 2018 година, но договорот пропадна поради несогласувања меѓу двете движења. Сите следни напори за нов договор беа не успешни.

Би можело да ве интересира

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат