Фон дер Лајен: Војната во Иран ја чини ЕУ 500 милиони евра дневно

Од:

Европа губи речиси 500 милиони евра дневно бидејќи конфликтот на Блискиот Исток ги зголемува трошоците за фосилни горива, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„За само 60 дена од конфликтот, нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 27 милијарди евра, без ниту еден дополнителен молекул енергија“, изјави таа пред Европскиот парламент во Стразбур, пренесува порталот „Политико“.

Волстрит журнал објави во вторник дека американскиот претседател Доналд Трамп им наредил на помошниците да се подготват за продолжена блокада на Иран, стратегија насочена кон притисок врз економијата на Техеран со ограничување на превозот до и од неговите пристаништа.

„Политико“ пишува дека таков пристап носи ризик од понатамошно нарушување на протокот на нафта и гас низ Ормутскиот теснец, низ кој минува една четвртина од светската трговија со нафта, како и значителни количини на природен гас и ѓубрива.

Фон дер Лајен го претстави конфликтот како дополнителен доказ дека Европската Унија треба да го забрза преминот од увезени фосилни горива и побрзо да ја електрифицира економијата.

„Патот напред е јасен. Мораме да ја намалиме нашата прекумерна зависност од увезени фосилни горива и да го зголемиме домашното, прифатливо и чисто производство на енергија. Од обновливи извори до нуклеарна енергија, со целосно почитување на технолошката неутралност“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ подготвува построги правила за социјалните мрежи за заштита на децата

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Фон дер Лајен одговори на заканата на Трамп за царини на автомобили

Маѓар разговараше со Фон дер Лајен за замрзнатите милијарди: Исклучително успешно!

А1он

Урсула фон дер Лајен: Преговорите за пристапување на Украина во ЕУ треба да започнат без одложување

Фон дер Лајен повика на промена на режимот во Иран: Итно е потребна веродостојна транзиција

Горан Наумовски