Фон дер Лајен: Светот влегува во доба на трајни геополитички промени

Од:

Светот нема да се врати на претходната стабилност и влегува во ера на длабоки и трајни геополитички промени, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говор на Универзитетот Кејо во Токио, каде што ѝ беше доделен почесен докторат во рамки на 30. самит ЕУЈапонија.

Не треба да се залажуваме со надеж дека бурата ќе помине и дека светот ќе се врати во претходната состојба, рече Фон дер Лајен, алудирајќи на големите геополитички потреси. Како примери ги посочи војната во Украина и надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, кои, како што рече, суштински ги променија традиционалните сојузништва и глобалниот поредок.

Таа упати предупредување до светските политички и економски елити дека повеќе не можат да сметаат на старите парадигми на стабилност и предвидливост, и подвлече дека Европската Унија мора да ја зајакне својата стратешка отпорност во свет што сè побрзо се менува.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен повика на промена на режимот во Иран: Итно е потребна веродостојна транзиција

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Вашата борба нема да биде заборавена

А1он

Фон дер Лајен: Еден за сите, сите за еден – тоа е она што претставува Европа

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Девојката ме остави, не можев да се освестам цела година, исто е и со Европа

Катерина Ѓуровски

ЕУ ѝ довери итна задача на претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски