Фон дер Лајен: Инвестираме 500 милиони евра за научниците да дојдат во ЕУ

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Париз објави пакет од 500 милиони евра за привлекување истражувачи и научници во Европа.

„Науката е инвестиција и ние мора да ги понудиме вистинските стимулации. Затоа, можам да објавам дека ќе предложиме нов пакет од 500 милиони евра за периодот од 2025 до 2027 година за да ја направиме Европа магнет за истражувачите“, рече Фон дер Лајен во говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз.

„Со цел да го олесниме доаѓањето на истражувачите, сакаме да им помогнеме на јавните и приватните институции подобро да се поврзат со високо квалификувани експерти и истражувачи и да го забрзаат и поедностават влезот на висококвалификувани истражувачи во Европската унија“, рече таа.

Минатиот месец францускиот претседател Емануел Макрон и Урсула фон дер Лајен рекоа дека ќе се обидат да поканат научници и истражувачи од целиот свет во Европа, во време кога администрацијата на Трамп се заканува дека ќе го намали федералното финансирање на американските универзитети.

Таа посочи дека Европа има развиена инфраструктура за истражување и најави дека ЕУ и нејзините земји-членки сакаат до крајот на оваа деценија да ги зголемат инвестициите во науката на 3 отсто од БДП.

„Одлучуваме да ги ставиме истражувањето и иновациите, науката и технологијата во центарот на нашата економија. Сакаме да бидеме континент каде што универзитетите се столбот на нашите општества и нашиот начин на живот“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Фон дер Лајен: Пресудата од Хаг мора да се почитува, никој не може да ја прекројува историјата на Косово

А1он

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски